Автоматизирано

Закажување 

за Вашиот Бизнис

Заштедете од 20-40 часа месечно со Bookking!

40+

Заштедени Часови

- 93%

Откажани Термини

290+

Задоволни Бизниси

Заштедете го Вашето Скапоцено Време

Дозволи им на клиентите да закажуваат услуги 24/7, а ти фокусирај се на она што најдобро го правиш.

СМС & Емаил Потсетници

Нашата платформа автоматски испраќа SMS и email потсетници за закажани термини.

Аналитика и Извештаи

Следење на термини, приходи, услуги и вработени.

Историја на Клиенти

Преглед на претходни термини, белешки, користени услуги и преференци на клиентите.

24-7 Поддршка

Секогаш достапна техничка помош за вас и вашите клиенти.

Како функционира

Буккинг Ви Ја Олеснува Работата

?

Изберете План

Изберете го Стартер или Стартер Про пакетот и почнете да го заштедувате вашето време.

Персонализација

Имате можност за прилагодување на боите, логото и дизајнот на вашата страната за закажување.

Додадете Услуги

Букинг ви овозможува брзо да креирате различни услуги, да поставите времетраење, цена, достапност и да ги групирате по категории.

Додадете Вработени

Секој вработен има свој посебен календар и вие или вашиот персонал ќе може да постави работни часови и услуги.

Детална Аналитика

Имате целосен увид на сите закажани термини, приходи по услуга и детали за перформансите на вашиот тим.

Автоматско известување преку e-маил / SMS

Вашите клиенти ќе бидат навремено известени за нивниот закажан термин преку е-маил или SMS, во зависност од нивната преференца.

Ваша Сопствена Секретарка

Сподели го твојот Букинг линк и наместо да губиш време со пораки и повици, дозволи клиентите сами да изберат термин кој им одговара.

Решение за Сите Видови Бизниси

Нашата платформа е флексибилна и се прилагодува на различни индустрии.

Без разлика дали си самостоен професионалец или имаш тим, системот за закажување ќе ти помогне да штедиш време, зголемиш приходи и изгледаш професионално.

Вашето Време е Пари

Нашата платформа е креирана со цел да ја оптимизира секоја работна минута.

Со еден клик известете за одмор/боледување

Испраќај потсетници и избегни „заборавени“ термини

Следи колку термини има секој клиент

Запишувај детали и историја на клиенти

Одберете План

Добијте целосна контрола на вашето скапоцено време!

Прилагоден План

Не ви одговараат постоечките пакети?

Контактирајте не.

Сите Резервации на Едно Место

Издвојте се од конкуренцијата така што ќе им овозможите на клиентите персонализиран портал за управување со сите нивни резервации на едно место.

Вашите клиенти со сопствена сметка и увид на резервации

Преглед на претстојни и минати резервации

Преглед на резервации кај повеќе бизниси

Лесно презакажување и откажување

Често Поставувани Прашања (FAQ)

Што е Bookking и за кого е наменет?

Bookking е онлајн платформа за закажување и управување со термини, наменета за услужни бизниси како салони, студија, клиники и професионалци кои сакаат на едно место да ги управуваат своите резервации, клиенти и распоред, со целосен преглед на аналитика околу бизнис ефикаснот и приходи.

Дали ми се потребни технички познавања за користење на Bookking?

Не. Bookking е дизајниран да биде едноставен и интуитивен. Можете да ги подесите вашите услуги, работно време и страница за закажување, за само неколку минути – без никакви технички знаења.

За кого е на наменетa Bookking платформата?

 

Bookking е наменет за сите услужни бизниси кои работат со термини, без разлика дали работите самостојно или имате тим.

Како можам да започнам?

Можете да се регистрирате онлајн на https://bookking.me/register , да ги внесете податоците за вашиот бизнис и да започнете со примање резервации уште истиот ден. Доколку ви е потребна помош, нашиот тим за поддршка е секогаш на располагање.

Како моите клиенти закажуваат термин?

Клиентите закажуваат термини/услуги преку вашата персонализирана страница за закажување, каде што избираат услуга, датум, време и (доколку има) вработен, ги внесуваат своите лични податоци и ја потврдуваат резервацијата.

Дали клиентите можат лесно да ги прегледуваат своите термини?

Да. Клиентите можат да пристапат до https://my.bookking.me, каде што имаат преглед на сите нивни претстојни и минати термини кај бизниси кои користат Bookking.me. Исто така, можат лесно повторно да закажат кај бизниси што редовно ги посетуваат.

Дали клиентите добиваат потврди и потсетници за термините?

Да. Клиентите автоматски добиваат пораки на е-маил и преку SMS, со што значително се намалува бројот на пропуштени термини (no-show). 

Дополнително вашите клиенти можат да го изберат јазикот на кој ќе им биде испратена пораката преку SMS. 

Дали клиентите можат да откажат или да променат термин?

Да. Клиентите можат да побараат откажување или промена на термин најдоцна 24 часа пред закажаниот термин. Барањето се прикажува како „pending“ сè додека бизнисот не го одобри.

Колку чини користењето на Bookking за бизниси?

Bookking работи со претплата – месечна или годишна. Цената зависи од планот и функционалностите што ги користите. За custom планови и специфични потреби, можете да нè контактирате на support@bookking.me.

Колку често се врши наплатата?

Можете да изберете месечна или годишна наплата. Претплатата се обновува автоматски. Доколку претплатата истече и плаќањето не биде успешно, нема да можете да продолжите со користење на апликацијата сè додека не се обнови.

Дали нудите рефундации?

Рефундации се одобруваат само во исклучителни случаи, како на пример:

  • дупло наплатување
  • доколку бизнис корисникот не е во можност да го користи системот и да ја извршува својата дејност поради сериозни технички проблеми со апликацијата

Вообичаено, откако претплатата е платена и активирана, таа не подлежи на рефундација.

Дали моите клиенти плаќаат на Bookking или директно на мене?

Клиентите плаќаат директно на вас, не на Bookking. Bookking.me обезбедува само технологија за закажување и по дифолт не наплаќа од крајните клиенти.

Дали можам да наплаќам онлајн од клиентите?

Да. Онлајн плаќања се возможни преку custom интеграции. Доколку го изберете ова, Bookking може да се интегрира со вашиот постоечки payment provider како посебна услуга.